Фото: Пиксабеј

Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија локалните власти.

– Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала, пренесе „Асошиејтед прес“.

И двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили, соопшти агенцијата.

– Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико – напиша лидерот на Националната акција Марко Кортес на социјалните мрежи.

Од партијата „Морена“ изјавија дека убиството на Завала е „кукавички и осудувачки чин“.

Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, а предизборната кампања официјално започнува во петок на 1 март