Фото: Архива

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за кандидат за претседател.

– Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа – објави Димитриевски вечерва на својот профил на Фејсбук.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура како и кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари.