Фото: МЗ

Случајот на Леонид Индов бил разгледан на денешната владина седница и биле образложени досегашните процедури што се водат пред надлежните институции, а се однесуваат на неговата рехабилитација, што се одвива во моментов, информираа вечерва од Министерството за здравство.

– Донесовме одлука да разговарам со семејството и да ги запознаам со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што ќе ја информирам Владата за конкретното изнајдено решение – пишува во изјавата на министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.