Фото/Илустрација: Пиксабеј

Во Јапонско Море денеска почна воена вежба за противракетна одбрана на САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Во воената вежба ќе учествуваат и три ескадрили миночистачи од три земји.

Воената вежба се одржува со цел да се зголеми координацијата меѓу државите учеснички поради провокативните акции на Северна Кореја, како минатонеделното лансирање сомнителна интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво.

За време на вежбите со помош на компјутерска симулација ќе се разработува процедурата за откривање и следење балистички ракети.

САД, Јужна Кореја и Јапонија во февруари спроведоа заедничка вежба за противракетна одбрана.