Илустрација / Фото: Пиксабеј

Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода.

Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа.

Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво.

Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето.

Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.