Високи американски воени претставници ја испратија 101-та воздушно-десантна дивизија во Романија, на границата со Украина, од каде што може, во случај на напад врз НАТО, да се вклучат во конфликт со Русија, но рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов вели дека таквото потег би предизвикал катастрофални последици.

Иако американските политичари, на чело со претседателот Џозеф Бајден, ја отфрлија можноста американската војска да се вклучи во конфликтот, Антонов за „Њузвик“ посочи дека Москва го свртела вниманието на американските политичари дека „бравурозните изјави на американските воени команданти се неприфатливи“.

– Нема да толерираме ситуација во која растат воените закани на руските граници. Директното учество на американската армија во борбите би довело до катастрофални последици. Убеден сум дека натамошната ескалација на ситуацијата не е во интерес на Вашингтон – рече рускиот амбасадор во САД.