Фото: Принт-скрин

Штетата и загубите за Украина во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу трилион долари, изјави Олег Устенко, економскиот советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.

– Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната – рече Устенко.