Киев побара од Советот за човекови права на ОН да одржи итна дебата за човековите права во Украина „кои произлегуваат од руската агресија“, соопштија ОН.

Претседателот на Советот за човекови права доби писмо од амбасадорот на Украина во канцеларијата на ОН во Женева, во кое се бара расправа „што е можно поитно“ за време на седницата следната недела во швајцарскиот град Женева.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров требаше да присуствува на седницата, закажана за вторник, се вели во соопштението.