Фото: Влада

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска.

-Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус – рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, еден ден пред дводневниот самит на НАТО.

Тој додаде дека вечерва ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер за да се обиде уште еднаш да најде решение.

-Напорно работиме Шведска да стане членка што е можно поскоро – додаде Столтенберг.