Фото: Твитер / Турска агенција за управување со вонредни состојби

Штетата предизвикана од разорниот земјотрес во Турција на 6 февруари ќе надмине 100 милијарди долари, соопшти денеска Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Претставникот на УНДП, Луиза Винтон, преку видео врска од Газиантеп рече дека „од претходните пресметки презентирани од владата и поддржани од меѓународните партнери е јасно дека штетата може да надмине 100 милијарди долари“.

Таа рече дека оваа прелиминарна бројка се користи како основа за донаторска конференција за собирање средства за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија во Брисел, која е планирана за 16 март, пренесува Ројтерс.