Фото: Маја Јаневска-Илиева

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра.

Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица.

Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо и Валенсија, каде што осомничените го складирале најголемиот дел од својата стока

Според шпанската полиција, канабисот бил спакуван со план да биде дистрибуиран во различни шпански региони, но и во странски земји, „главно во Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија“.

Во акцијата се приведени 20 лица на возраст од 20 до 59 години. Од нив, девет се мажи, а 11 се жени. Криминалната група на која и припаѓаат „го контролирала целиот процес на производство и дистрибуција на дрога“, објаснуваат од полицијата.