Фото: принтскрин

Прелиминарните резултати од борбените операции покажуваат дека воените ресурси на Украина се речиси исцрпени, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој на 11-та Московска конференција за меѓународна безбедност рече дека, под слоганот за поддршка на Киев, САД го чистат воениот арсенал на своите партнери во различни региони во светот, ветувајќи за возврат преференцијални испораки на опрема од западот, пренесе „РИА Новости“.

– Всушност, пазарот за производите на американскиот воено-индустриски комплекс се расчистува. Сепак, партнерите ќе треба да платат многу пари на САД за ново оружје и да се договорат да го ограничат суверенитетот во областа на безбедноста – тврди Шојгу.

Тој додаде дека денес Русија не се соочува со украинската армија, туку со колективниот Запад, на кој неодамна му се приклучија одредени земји од азиско-пацифичкиот регион.

Шојгу рече дека САД и нивните сојузници вршат воено злосторство со употреба на касетна муниција во Украина и посочи дека досега, од хуманитарни причини, Русија се воздржуваше од употреба на касетна муниција, но дека може да ја преиспита таа одлука.