Најмалку 31 жртва има по уривањето на приватен рудник за злато во западен Судан, соопштија денеска официјални лица.

– Телата на 31 лице се извлечени по падот на мина во местото Ан Нахуд, во суданската држава Западен Курдуфан. Само едно лице е спасено – изјави директорот на рударската компанија, Калед Дахвеи, пренесе „Ројтерс“.