Фото: Пиксабеј

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во денешниот говор на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток, најави дека Москва развива ново оружје.

Русија развива оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности, истакна Путин.

Тој во говорот повторно го нападна Западот, обвинувајќи го за „уништување на системот на трговски и финансиски односи“.

Во Владивосток Путин ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој допатува во Русија.

Последната посета на Ким беше на Владивосток во 2019 година, на првиот самит со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма.