Фото: Фејсбук/Министерство за одбрана на Русија

Русија подготвува 100.000 војници за потенцијална нова офанзива во Украина налето или за пополнување на исцрпените единици, изјави денеска командантот на копнените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Пављук.

– Тоа нужно нема да биде офанзива, можеби ќе ги надополнат единиците кои ја загубија борбената способност, но постои можност на почетокот на летото да имаат некои сили за извршување офанзивни операции – посочи Пављук.

Претходно и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека до крајот на годината предвидено е зголемување со две нови армии 30 нови формации.