Фото: Ка.М.

Прилепчани денеска на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, пројавија голем интерес за отворениот ден на АРМ, на кој можеа да се запознаат со воените орудија, артирелиските системи, воената опрема и возила од единиците на АРМ. Отворениот ден го реализираа Министерството за одбрана и Армијата на Македонија во соработка со локалната самоуправа.

Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од членството на Македонија во Алијансата.

Граѓаните исто така имаа прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон. Активноста беа проследени од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа.

Отворениот ден во Прилеп е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Македонија во НАТО. Ка.М.