Фото: Претседател на Русија

Руското министерство за одбрана соопшти дека началникот на генералштабот на руските сили, генерал Валериј Герасимов е назначен за нов командант на здружените сили во „специјалната воена операција во Украина“. Генералот Сергеј Суровкин, кого руските медиуми го нарекоа „генерал Армагедон“, поради неговата наводна немилосрдност, беше назначен од Кремљ за врховен командант на руските сили во Украина пред само три месеци, по, како пишуваа медиумите, серијата контраофанзиви на украинската војска кои донесоа промени на фронтот во корист на Киев. Тоа е највисоката командна позиција на самото бојно поле.
Суровикин, како што наведуваат од руското министерство за одбрана, сепак ќе остане заменик на Герасимов.

Министерството соопшти дека промените се дизајнирани да ја зголемат ефикасноста на управувањето со воените операции во Украина.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, се соочи со остри критики од провоените воени блогери за повеќекратните неуспеси на бојното поле на Русија и неуспехот да обезбеди победа во војната што Кремљ очекуваше дека ќе биде краткотрајна.

Руските и украинските сили се вклучени во интензивни борби околу градот Соледар во источна Украина, што, според Ројтерс, може да биде пресвртница во обидот на Москва да го заземе целиот регион Донбас.

Инаку, минатиот октомври Русија го постави генерал Сергеј Суровикин како одговорен за севкупните операции во Украина, по серијата успешни противофанзиви на украинските сили.