Фото: Кремљ

Песков во изјава за „Си-ен-ен“

Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, во изјава за Фредерик Плајтген од „Си-ен-ен“ кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да преговара“, додавајќи дека кризата во Украина е само дел од безбедносните грижи на Русија.

– Прво, претседателот Путин секогаш инсистирал на преговори и дипломатија. Всушност, тој го покрена прашањето за безбедносните гаранции за Руската Федерација, а Украина е само дел од проблемот. Тоа е дел од поголемиот проблем со руските безбедносни гаранции и претседателот Путин е подготвен да преговара – рече Песков.

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на претседателот Путин му соопшти дека гледа можност за дипломатски дијалог со Западот за безбедносните грижи на Русија и препорача таквите напори да продолжат.

Лавров го информирал и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за преговорите на Русија со земјите-членки на НАТО и ОБСЕ за безбедносните гаранции, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Тие разменија мислења за голем број актуелни меѓународни теми, вклучувајќи ги Сирија, Либија, активностите на мисијата на ОН на Косово, во контекст на руското претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации во февруари – пренесоа руски медиуми.

Лавров му обрнал внимание на генералниот секретар на ОН на проблемите со кои се соочува руската мисија во ОН во САД поради неисполнување на американските обврски, пред се во однос на канцелариски простор и издавањето визи за вработените и членовите на руските делегации кои учествуваат на Генералниот Собрание.

Гутереш и Лавров ја истакнаа важноста од понатамошни напори „за зајакнување на централната координативна улога на Обединетите нации во глобалната политика“ и ја повторија својата посветеност на соработката меѓу Русија и ОН.


Рускиот парламент ќе расправа за признавање на Луганската и Доњецката република

Рускиот парламент денеска ќе гласа дали да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае двата отцепени региони во источна Украина поддржани од Русија како независни, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.

Според Володин, пратениците ќе разгледаат две посебни резолуции за признавање на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република во Донбас, каде што сепаратистичките сили се борат против украинската армија од 2014 година.

Првата го повикува парламентот директно да го повика Путин да ги признае како независни. Втората, поднесена од пратениците од доминантната партија Единствена Русија, бара прво да се побара мислење од Министерството за надворешни работи и другите владини оддели.

Признавањето на двата региони би било голем чекор што ефикасно ќе стави крај на мировниот процес во Минск за источна Украина, за кој Русија вели дека е посветена. Поради оваа причина, некои аналитичари се скептични дека Путин ќе сака да преземе таков чекор.

Алтернативниот начин на консултации со Министерството за надворешни работи изгледа заштедува време и избегнува директно да се покрене прашањето, во време кога воените тензии се високи, но Русија вели дека се уште има простор за дипломатија.

Предлогот да се побара од Путин да ги признае отцепените територии првпат беше покренат од пратениците на 19 јануари, но беа потребни недели за тој да влезе во агендата на парламентот. Кремљ одби да коментира дали ја одобрува идејата.