Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека по вчерашните ракетни напади сите граѓани на главниот град на Украина имаат вода, дека половина град има греење, а две третини имаат струја.
Кличко на „Телеграм“ напиша дека властите работат на тоа сите жители на Киев да добијат греење.
Тој посочи дека вонредните прекини на струјата се во сила поради значителен дефицит и дека властите апелираат да се зачува електричната енергија.
Киев и другите градови во Украина вчера беа цел на руски ракетни напади.