Фото: пиксабеј

Британската антитерористичка полиција поведе истрага по откривањето пакет со ураниум на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.

Пратката пристигнала во Обединетото Кралство со патнички лет пред Нова година.

Британските медиуми, повикувајќи се на свои извори, пишуваат дека пакетот со ураниум пристигнал во Велика Британија од Оман. Пакетот првично беше испратен од Пакистан.

Консултантот за управување со ризик, Сали Лавсли, рече дека ова може да значи оти Лондон се користи за трговија со ураниум и проверка колку може да се продаде.

– Ова е многу сериозно. Ако е така, ова е показател за вооружувањето што го гледаме – рече Лавслеј, а пренесе „Евроњуз“.

Исто така, беше наведено дека таквите супстанции не треба да бидат во комерцијален авион.

– Можеме да транспортираме нуклеарни материјали, како ураниум и плутониум, во целиот свет. Ова обично се прави во добро заштитени специјални контејнери, но не и во патнички авиони – истакна експертот Хамиш де Бретон-Гордон.

Она што исто така се истакнува е дека службениците за спроведување на законот забележале дека количината ураниум не е значајна и не претставува закана за луѓето. Нема уапсени во врска со инцидентот.