Околу 13 отсто од германските компании во моментов користат вештачка интелигенција додека околу 9 отсто планираат да го сторат тоа. Тие цифри ги објави Иститутот за економски истражувања Ифо, јави ДПА.

Во индустријата, секоја трета компанија користи вештачка интелигенција или планира да ја користи, додека околу 20 проценти од компаниите во услужниот и малопродажниот сектор и 15 проценти од градежните компании исто така користат.

За околу 40 отсто од компаниите во Германија, вештачката интелигенција не игра никаква улога во моментов. Во градежниот сектор таа цифра е 60 отсто.

Системите базирани на вештачка интелигенција обработуваат големи количини на податоци со помош на алгоритми со цел брзо да носат одлуки со автоматска анализа.

Во своето економско истражување во јуни, Институтот анкетираше околу 9.000 компании.