Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст Охрид пристигнаа на падините на Галичица на местото на кое падна холандскиот параглајдерист, поради сериозните повреди на р’бетот го имобилизираа со вакуум душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од Тигрите го сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје каде повредениот турист ќе го презеде медицински тим.