Фото: Игор Бансколиев

Од почетокот на годината, Франција разби 224 мрежи за криумчарење мигранти, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин, пренесува МИНА.

Повикувајќи се на податоците на Европол, министерот кажа дека повеќе од 90 отсто од сите мигранти кои доаѓаат во Европската унија (ЕУ)ги користат мрежите за криумчарење.

Агенцијата Анадолија наведува дека активностите за трговијата со луѓе годишно носат седум милијарди евра, додека Дарманин истакна дека парите подоцна се користат за финансирање организиран криминал, дрога, а понекогаш и терористички активности.

„Последните настани на малиот италијански остров Лампедуза, во Медитеранот, каде што илјадници мигранти пристигнуваат во мали чамци, не потсетуваат на важноста на колективната борба против овие шверцери“, напиша Дарманин на социјалната мрежа Х.

Тој кажа дека неговата земја од почетокот на годинава открила вкупно 224 шверцерски мрежи и додаде дека 19 од нив биле активни на премините на Ламанш.