Фото: принтскрин

Русија ќе го премести своето тактичко нуклеарно оружје во близина на западната граница на Белорусија, изјави синоќа рускиот амбасадор во Минск, Борис Гризлов.

– Оружјето ќе биде преместено на западната граница на нашата сојузна држава и ќе ги зголеми можностите за безбедност. Тоа ќе биде направено и покрај вревата од Европа и од САД – изјави Гризлов за белоруската државна телевизија.

Тој не прецизираше каде ќе биде стационирано оружјето, но потврди дека складиштето ќе биде завршено, според наредбата на рускиот претседател Путин, до 1 јули, а потоа ќе се префрли во западна Белорусија. Путин на 26 март најави дека Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Белорусија се граничи со Литванија и Летонија на север и со Полска на запад, кои се соодветно дел од источното крило на НАТО, по руската инвазија на Украина засилена со дополнителни трупи и воена опрема. САД и другите сојузници на Киев изразија загриженост поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, а за американскиот претседател Џо Бајден тоа е „загрижувачки“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во петокот изјави дека неговата земја, исто така, ќе и дозволи на Русија да распореди таму интерконтинентални нуклеарни ракети, доколку е потребно.