Новиот коридор ќе овозможи минување на повеќе бродови, вклучувајќи и гигантски танкери, како контејнери и танкери за нафта - Фото: ЕПА

Проектот „Појас и пат“ ќе има можност да ги интегрира сите земји од Латинска Америка?

Преку воспоставувањето на овој нов алтернативен канал на Панамскиот Канал во колумбиското пристаниште Бенавентура или преку државата Никарагва би се интегрирале сите земји од Латинска Америка во рамките на иницијативата „Појас и пат“, особено затоа што веќе седум јужноамерикански земји се дел од неа

Кина планира колосален проект во рамките на својата иницијатива „Појас и пат“ што би ја зголемило глобалната трговска размена меѓу Истокот и Западот. Овој кинески проект има цел да ги поврзе бреговите на Тихи и Атлантски Океан на Колумбија и Латинска Америка. Имено, официјална Колумбија веќе објави дека преговара со Кина за изградба на алтернатива на Панамскиот Канал, со цел да се зајакне протокот на стоки меѓу Азија и Латинска Америка. Кинеско-колумбискиот план се заснова на воспоставување „сув канал“ преку кој може да го поврзе „колумбиското пристаниште Бенавентура со бреговите на Атлантикот преку железнички премин преку Колумбија“. Трговската размена меѓу Колумбија и Кина се зголеми на пет милијарди долари оваа година.

Во врска со оваа тема, во врска со важноста на Панамскиот Канал, за алтернативни патишта и за целта на нивната изградба, во рамките на „Појас и пат“, со своја анализа во „Модерн дипломаси“ излезе Надја Хелми.

Важноста на Панамскиот Канал

Панамскиот Канал е особено важен за американската страна, имајќи предвид дека тој е бродска лента што ги поврзува Тихи со Атлантски Океан и американскиот Исток. Од кинеска страна, Пекинг во изминатите пет години го удвои своето присуство и точките на влијание во Централна и Латинска Америка и го вклучи Панамскиот Канал како една од важните поморски точки во иницијативата „Појас и пат“ што Кина ги постави во 2013 година. Но она што го навлече „американскиот гнев“ е всушност потписот на панамската влада.
Со тоа што Панама ќе биде дел од иницијативата „Појас и пат“, државата ќе стане првата латинска влада што потпиша договор од ваков вид. Ова кинеско-панамско зближување резултира со кинеско купување на најголемото пристаниште во Панама на островот Маргарита на атлантската страна и во рамките на зоната за слободна трговија „Каулун“, која е најголемата слободна трговска зона во западната хемисфера.
Кина, исто така, потпиша голем договор за управување со пристаништето „Кристопол“ во Панама. Со ова пристаниште управува компанија со седиште во Хонгконг. Всушност, тоа го разбуди гневот на Вашингтон бидејќи истото тоа го смета за своја сфера на интерес.

Сепак, оваа нова кинеска најава и планирање за воспоставување алтернативен канал на Панама (е малку подалековида) и доаѓа по сушата и недостигот од вода на езерото Гатун, кое го храни Панамскиот Канал во Латинска Америка со свежа вода потребна за превоз на бродови за време на нивниот премин од Тихи до Атлантски Океан. Затоа, Кинезите сериозно размислуваа да воспостават алтернативен канал на Панама, плашејќи се дека ако нивото на езерото Гатун продолжи да се намалува како што се очекуваше, реакцијата на пазарот ќе биде пораст на цените на превозот и брзање да се најдат алтернативни патишта од кои најважно е поврзување на колумбиското пристаниште Бенавентура со бреговите на Атлантски Океан преку колумбиската железница.

Алтернатива на Панамскиот Канал

Кина настојува, преку воспоставување на овој алтернативен канал на Панамскиот Канал во колумбиското пристаниште Бенавентура или преку државата Никарагва, да ги интегрира сите земји од Латинска Америка во рамките на својата иницијатива „Појас и пат“, особено затоа што веќе седум јужноамерикански земји се дел од неа (Венецуела, Еквадор, Перу, Боливија, Аргентина, Уругвај). Единствената земја што има дипломатски односи со Тајван е Парагвај, кој е тесно поврзан со САД.
Според анализата на Надја Хелми, Кина сака да го зголеми своето присуство во Карипскиот Регион, преку зајакнување на односите, особено со државата Колумбија, но во исто време Хелми пишува дека тоа би ѝ помогнало на Кина „да ги блокира и опколи САД, овозможувајќи му на Пекинг, што е поважно, да го порази Вашингтон во неговата хегемонија над Јужна и Латинска Америка“. Според неа, „кинеското планирање предвидува да го ограничи американското влијание преку Панамскиот Канал, со оглед на неговата локација, бидејќи каналот главно служи за глобалното трговско движење помеѓу американските пристаништа на брегот на Атлантски Океан и Американскиот Залив и неговите трговски партнери во Азија. Затоа, Пекинг размислуваше да изгради свој канал и дојде до идеја да воспостави нов коридор меѓу Атлантски и Тихи Океан. Всушност, Кинезите пренасочија стар проект за изградба на поморски транспортен канал во Никарагва или Колумбија, кој датира од 19 век“.

За евентуалната изградба на новиот канал

Во својата анализа во „Модерн дипломаси“, Надја Хелми пишува дека „новиот канал во Никарагва или во Колумбија, доколку се изгради, ќе се протега на 276 километри од Панамскиот Канал“. Новиот коридор ќе овозможи минување на повеќе бродови, вклучувајќи и кинески гигантски танкери, како контејнери и танкери за нафта. Тој, исто така, директно ќе го поврзе Истокот со Западот, за разлика од Панамскиот Канал, кој поминува низ југ додека не стигне на север.

Кинескиот бизнисмен Ванг Јанг, телекомуникацискиот гигант во Хонгконг, има задача да го финансира овој проект за изградба на алтернативен канал на Панамскиот со кинески пари, без разлика дали се работи за Никарагва или за Колумбија“. Можеби оваа огромна инвестиција за создавање алтернативен кинески канал на Панамскиот е најголемиот проект спроведен од Кина во Латинска Америка. Така, станува јасна кинеската стратегија за замена на САД на југот и центарот на латинскиот континент.
Тука лежи прашањето за каналот во Никарагва или алтернативниот канал на Панамскиот во колумбиското пристаниште Бенавентура, во срцето на стратегиската игра на Кина, што може да ги замени САД во Латинска Америка. Во прилог на нејзината работа е да обезбеди навигациски коридор за своите бродови многу поголем од коридорот на Панамскиот Канал, кој тешко успева да го помине со оглед на целосната американска контрола над него. Иако Кинезите работат во Латинска Америка спокојно речиси дваесет години, светот сега обрнува внимание на нивното големо присуство таму.

Развој на односите на Кина со Латинска Америка

Новиот колумбиски претседател Густаво Петро планира кинеско-колумбиските односи да доведат до економски развој и да ги решат корените на проблемите по 50-годишната граѓанска војна во земјата, како што се сиромаштијата и недостигот од можности, што ги втурна луѓето во бунт или трговија со дрога. Со тоа што актуелниот колумбиски претседател ја поздрави инвестицијата на повеќе кинески компании во неговата земја, беше нацртана карта за развој на односите во следните 40 години, со продлабочување на соработката во области како што се трговија, економија, наука и технологија, култура и спорт, и постигнување повеќе резултати во билатералните односи.

Овој нов развој на настаните за подобрување на зближувањето меѓу Колумбија, Кина и Никарагва со цел да се воспостави алтернативен канал на Панамскиот, го отвора патот за зголемување на кинеското влијание во Латинска Америка, особено откако Вашингтон остави вакуум во раководството на латинскиот регион, и покрај реафирмацијата на претставници на Белата куќа во стратегискиот сојуз меѓу САД и Колумбија. Сепак, за кратко време во регионот дојдоа сили надвор од регионот, предводени од Кина, за да го пополнат американскиот вакуум. Дистанцата меѓу двете страни може да се зголеми и поради постојните разлики меѓу актуелниот колумбиски претседател и администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за прашања како што е начинот на спроведување на мировниот договор во Колумбија меѓу завојуваните страни.