Фото: Твитер/НАСА

Објавени нови фотографии на телескопот „Џејмс Веб“

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА објави фотографии од најголемата планета во Сончевиот Систем – Јупитер, направени со најголемиот вселенски телескоп во светот, „Џејмс Веб“.

– Никогаш не сме го виделе Јупитер ваков. Сѐ ова е прилично неверојатно. Не очекувавме дека ќе биде толку добро, да бидам искрена – изјави астрономот Имке де Патер од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли, САД.

Вселенскиот телескоп ги направил снимките во јули, на коишто има досега незабележани погледи на северното и јужното светло на Јупитер и вртлогот на поларната маглина. Големата Црвена Дамка на Јупитер, бурата поголема од Земјата, јасно се издвојува меѓу безброј други помали вртлози.