Фото: Принтскрин Веб-страна Претседател на Бугарија

Портпаролот на украинскиот претседател Сергеј Никифоров денеска изјави дека не се точни тврдењата на американскиот претседател Џо Бајден дека Владимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

Никифоров изјави дека американскиот и украинскиот лидер се слушнале неколку пати пред да се влоши ситуацијата и дека Киев побарал воведување превентивни мерки против Москва, јави порталот „Известија“.

-Затоа треба да се разјасни фразата „не сакаше да слуша“. Дополнително, ако се сеќавате, претседателот на Украина ги повика партнерите да воведат пакет превентивни санкции со цел да ја поттикнат Русија да ги повлече своите трупи и да ја деескалира ситуацијата. И веќе можеме да кажеме дека нашите партнери „не сакаа да не слушнат“ – изјави Никифоров.

Бајден претходно денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не сакал да слуша“ кога американските разузнавачки служби собрале информации дека Русија подготвува инвазија на Украина.

Бајден: Знаевме за инвазијата, но Зеленски не сакаше да слуша

-Ништо такво не се случило од Втората светска војна. Знам дека многу луѓе мислеа дека можеби претерувам – рече Бајден, обраќајќи им се на донаторите во Лос Анџелес за да соберат средства за Демократската партија.

Тој додаде дека знаел оти САД имаат информации дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја мине границата, пренесоа американските медиуми.

-Немаше сомнеж во тоа, но Зеленски не сакаше да слушне – рече Бајден.