Фото: ЕПА

Триесет и вториот Меѓународен саем на книгата во Пекинг беше отворен во средата во Националниот конгресен центар на Кина, собирајќи повеќе од 1.700 излагачи од 82 земји, со изложени околу 220.000 наслови на книги. Петдневниот настан опфаќа изложбена површина од 60.000 квадратни метри и има делови посветени на домашното издаваштво, странското издаваштво и онлајн издаваштвото, меѓу другото. Обединетите Арапски Емирати се почесна земја-гостин оваа година.

Повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Русија, Германија и Италија, воспоставија национални павилјони на настанот. Триесет големи меѓународни издавачки куќи, вклучувајќи ги „Спрингер нејчр“, „Пингвин рендом хаус“ и „Ценгејџ“, исто така ги изложуваат своите публикации. Во делот за онлајн издаваштво, компании како што се „Тенсент“, „Дујин“ и „Нетиз“ презентираат онлајн литература, онлајн игри и анимациски дела.