Фото: Фејсбук

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград.

-На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер).

Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.