Фото: Пиксабеј/Илустрација

Јапонските воздухопловни сили ги подигнаа своите борбени авиони откако над Тихиот Океан и Јапонското Море беа детектирани руски воени авиони, соопшти Министерството за одбрана на Јапонија.

Министерството наведува дека открило разузнавачки авион ИЛ-20 на пат од Охотското Море кон Пацификот. Исто така од Министерството тврдат дека откриле уште еден ИЛ-20, кој полетал кон водите околу островот Садо пред да се сврти и да се упати назад кон континентот.

Охотското Море се наоѓа северно од Хокаидо, најсеверниот од големите острови што ја сочинуваат Јапонија. Островите Садо се наоѓаат западно од Ниигата.