Илустрација / Фото: Пекселс

Осумнаесет лица загинаа, а десетици други се повредени и исчезнати во напад на исламистички милитанти врз собирачи на тартуфи во источна Сирија, соопштија денеска опозициски активисти и провладини медиуми.

Во соопштението се наведува дека тоа претставува еден од најсмртоносните напади на Исламската држава (ИД) во изминатата година. Нападот се случил во близина на градот Кобазеб, во провинцијата Деир ел Зор, во источна Сирија.

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ со седиште во Велика Британија соопшти дека во денешниот напад загинале 18 лица, а 16 се ранети, а околу 50 лица се исчезнати и се стравува дека биле киднапирани од ИД.

Во извештајот на организацијата се наведува дека меѓу загинатите има и четворица припадници на Националните одбранбени сили, кои по инцидентот биле испратени како засилување во областа.