Фото: Принт-скрин

Русија „избра да го затвори“ гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа и „очигледно е погрешно“ да се поврзе ова затворање со западните санкции како што тоа го прави Москва, реагираше денеска американскиот Претставнички дом.

„САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, ветувајќи дека „европските резерви на гас за првпат ќе бидат полни до зима“.