Фото: Пекселс

Индискиот производител на сируп за кашлица од кој починаа 19 деца во Узбекистан, денеска соопшти дека го прекинува производството на сите лекови, по проверката спроведена од државната агенција за лекови.

Индиските медиуми објавија дека инспекторите забележале отстапување од прописите за производство во една од фабриките на компанијата „Марион Бајонтек“.

Узбекистанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 18 деца починале во градот Самарканд откако примале од спорниот сируп, а узбекистанските медиуми во вчера објавија дека починало уште едно едногодишно дете.