Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва целосно ја финансирала паравоената формација „Вагнер“, на чие чело е Евгениј Пригожин.

– Сакам да истакнам и сакам сите да го знаат тоа: оваа групација „Вагнер“ е целосно финансирана од државата. Од Министерството за одбрана, од државниот буџет, целосно ја финансиравме оваа групација – рече Путин.

Според него, од мај 2022 година до мај 2023 година, властите на „Вагнер“ му исплатиле 86,262 милијарди рубљи или околу милијарда евра.

– Се надевам дека никој ништо не украл, ќе расчистиме – додаде тој.

Путин  најави и дека ќе биде спроведена финансиска истрага во угостителската компанија на Пригожин.