Фото: Принтскрин

Агенти на ФБИ уапсија четворица осомничени на Флорида обвинети за клучна улога во заговор за атентат врз поранешниот претседател на Хаити, Жовенел Моиз во 2021 година, соопштија денеска властите.

Атентатот на Моиз во 2021 година создаде политички вакуум во карипската нација и ги охрабри бандите кои имаат де факто моќ во големи делови од главниот град Порт-о-Пренс.

Колумбиските платеници осомничени за атентатот на Хаити – обучени, евтини и достапни

Убиениот претседател на Хаити чувал листа на моќници, атентаторите дошле по неа

Американското Министерство за правда објави дека приведени се уште седум лица поврзани со убиството на Моиз.