Фото: Твитер/Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја заврши војната во Украина со кампањата во Донбас и е решен да изгради копнен мост до Приднестровие, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.

– Сметаме  дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој се уште има намера да постигне цели надвор од Донбас – рече Хејнс.

– Путин најверојатно смета дека Русија има поголема способност и подготвеност да издржи предизвици од неговите противници, и тој веројатно смета на решителноста на САД и ЕУ да ослабат бидејќи недостигот на храна, инфлацијата и цените на енергијата се влошуваат – нагласи Хејнс на сослушување во Сенатот.