Фото: принтскрин

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во интервју објавено денеска за шпанскиот весник „Ел Диарио“ изјави дека ЕУ конечно стана енергетски независна од Русија.

– За само неколку месеци се ослободивме од енергетската зависност од Русија што ја градевме со години – нагласи Борел.

Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел изјави дека тензичната ситуација на пазарот веќе не може да се поврзува со војната во Украина, туку дека тоа е „структурен проблем“ на корелацијата на цените на гасот и електричната енергија.

Високиот претставник на ЕУ изрази надеж дека ЕК ќе донесе мерки што ќе ги ублажат последиците од високите цени на енергентите.