Архива / Фото: Принтскрин/Британски „Телеграф“

Египетските власти го убедија Хамас да не ги прекинува заложничките преговори во замена за примирје, откако Израел изврши нов напад врз болницата Шифа во Газа, објавија катарските медиуми.

Неименуван египетски извор кој знаел за ова прашање изјавил за катарските медиуми дека официјални лица интервенирале во понеделникот наутро за да обезбедат континуирано учество на палестинската организација, пишува „Тајмс оф Израел“.

Изворот додаде дека разговорите најверојатно нема да резултираат со траен прекин на огнот, бидејќи Израел ја отфрли можноста и инсистира дека ќе ја оствари целта за уништување на Хамас, дури и откако ќе биде постигнат каков било договор.

-И покрај големиот интерес на посредниците тековната рунда преговори да биде успешна, нивните амбиции не се ограничени само на постигнување трајно примирје во Појасот Газа – рече катарскиот извор.

Во понеделникот, израелската армија ја зазеде болницата Шифа и тие тврдат дека заробиле околу 80 наводни членови на Хамас, а неколку наводни членови на групата биле повредени и ранети во борбите.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во рацијата, која започна рано во понеделникот, има мртви и повредени, а на влезот на комплексот избувнал пожар.