Фото: Твитер / Турска агенција за управување со вонредни состојби

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Сојлу за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси.

Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета.

Силни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија Турција на 6 февруари, како и во Сирија, каде исто така загинаа илјадници луѓе.

На 20 февруари турската провинција Хатај беше погодена од уште два силни земјотреси од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала.