Фото: Принтскрин

Британските железници денеска се речиси во целосен застој поради штрајкот на синдикатите, бидејќи вработените бараат зголемување на платите поради инфлацијата.

Низ земјата денеска сообраќаат само 11 отсто од возовите, а во некои делови на Велика Британија воопшто нема железнички сообраќај.

Еден од синдикатите, кој им се извини на граѓаните за штрајкот, објави дека британската Влада е одговорна за штрајкот „поради предлогот да се укинат некои работни места и да се намалат пензиите и платите“.

Британските домаќинства се соочуваат со инфлација од околу 10 отсто и се загрижени дали ќе можат да ги платат сметките за парно и други сметки оваа зима.

Железничарите, пристанишните и поштенските работници, адвокатите и градските чистачи од јуни организираат штрајкови со барања за повисоки плати во услови на криза со зголемените трошоци за живот.

Штрајкови на железницата и лондонското метро се закажани за и за следната недела.