Фото: ЕК

Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон.

-Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека ова во моментов е невозможно – изјави Бретон за француската телевизија БФМ.

Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.