Фото: Хуманитарна организација „Бели шлемови“

Операциите за потрага по преживеани под урнатините ќе завршат во северозападниот дел на Сирија, кој е под контрола на бунтовниците, изјави шефот на главната спасувачка група „Бели шлемови“.

– Тоа е пред крај. Индикациите што ги имаме се дека нема преживеани, но се обидуваме да направиме последни проверки на сите локации – рече Раед ал Салех.

Групата соопшти и дека ги собира имињата на исчезнатите луѓе во енклавата.

„Белите шлемови“ од вчера прогласија седумдневна жалост за жртвите од земјотресот во Сирија и Турција. Тие исто така го прогласија 6 февруари за годишен национален ден на жалост.