епицентарот на земјотресот е во близина на Пула/Фото: Пиксабеј - Илустрација

Земјотрес во Хрватска регистрираа апаратите на Светската метеоролошка организација.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во близина на Пула, кај островот Крк, а јачината на потресот, кој е регистриран во 10.47 часот, е 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се почувствува низ целиот регион и Проморско-горанската жупанија, но и во Загреб, Шибеник, Истра…

По овој земјотрес следеа уште неколку послаби со магнитуди од 2,0; 1,6 и 1,7 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за настанати штети и евентуални жртви.