Новиот состав на српскиот Парламент денеска беше формално конституиран, откако беа потврдени мандатите на сите пратеници.
Претходно, на почетокот на конститутивната седница, беше формирана комисија за потврдување на мандатот.
По потврдувањето на мандатот, народните пратеници положија заклетва.
Претседавачот Стојан Раденовиќ одреди двочасовна пауза во која ќе се формираат пратенички групи и ќе биде поднесен предлог за претседател на српскиот Парламент.

































