Српскиот претседател Александдар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, оцени дека „тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“ – јави дописникот на МИА од Белград.
– Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја – изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.
Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН.
-Знаеја дека Русите и Кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на Генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.