Имавме разговори и мислам дека тие завршија неуспешно во смисла на изнаоѓање јасен пат кон нормализација на односите, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ за новинарите во Брисел по одржување на трилатералната средба со косовскиот премиер Албин Курти и посредниците на ЕУ Жозеп Борел и Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија го прифати компромисниот предлог на ЕУ, но Курти не сакаше да го прифати и средбата заврши – рече Вучиќ.
Тој додаде дека е јасно да Курти избегнува да формира ЗСО.
– Јасно е дека Курти избегнува да формира ЗСО и тоа е суштината на се. Србија не бега од обврските, но рековме, не само ние, туку и ЕУ – каков е распоредот и како работите мора да се одвиваат и нивниот предлог, и покрај тоа што не е лесно за нас, тие прифатија, а Курти одби и така се заврши сè – изјави Вучиќ.
Тој појасни дека „компромисот значеше дека прво треба да утврдиме дали процесот околу ЗСО е веродостоен, па потоа да видиме кои се нашите обврски, но другата страна не го прифати тоа“, изјави Вучиќ.
-Разговарав синоќа со (специјален претставник на САД за Западен Балкан Габриел) Ескобар и со сите, дека најдобро решение во врска со изборите на северно Косово е градоначалниците да дадат оставки, оти сите останати идеји за распишување петиција и се останато е измислено за да се избегне суштинскиот процес за тие избори – кажа тој.
Вучиќ оцени дека сега има педесет пати повеќе инциденти во Косово отколку претходно.
-Го покренавме прашањето за нелегална експропријација, иселување на Србите од српските институции од нивните работни места, Курти ќе треба да одговори на прашањето за експропријација, а јас не верувам во тоа – додаде Вучиќ.
Како што рече, очигледно е дека времето пред нас не е лесно.
-Србија напорно се трудеше и беше многу конструктивен, сериозен и одговорен партнер на меѓународната заедница. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина – изјави Вучиќ за новинарите.