Фото: Илустрација/ Пиксабеј

Нафтено поле со резерви од околу 150 милиони барели е откриено на југоистокот на Турција, во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган по денеска одржаната владина седница.

– Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта откриени годинава на копно. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари – рече Ердоган.

Ердоган претходно денеска изјави дека Турција има намера да произведува околу сто илјади барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.