Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Србија

Во октомври 2021 година е забележано дека бројот на Србите во дијаспората е намален за 92.000 граѓани во однос на истиот период минатата година, а позитивниот тренд на враќање на луѓето од странство е особено видлив во возраста на младите и високообразованите, чие враќање, освен од пандемијата, беше забрзано и од добрите деловни можности во Србија, анализираат српските медиуми.
Александар Јаковљевиќ од програмата за циркуларна миграција „Точка на враќање“, основана во пресрет на пандемијата на ковид-19, за Танјуг изјави дека повеќето луѓе се враќаат од Германија, Австрија, Швајцарија, а тренд има и во земји како Австралија, Канада и САД.
Значи, во последно време имаме зголемена заинтересираност од тие земји, луѓе што секојдневно се јавуваат да видат како можат да се вратат во Србија – потенцира Јаковљевиќ.
Тој посочи дека епидемијата на коронавирусот ги донесе најголемите промени на полето на миграцијата во последните десет години.
Пандемијата го забрза враќањето во Србија, а покрај тоа и деловните можности. Искуството на нашите повратници е обично позитивно и тие многу брзо наоѓаат добро вработување и квалитетен живот и во местата од каде што доаѓаат – рече Јаковљевиќ.
Повратниот пункт комуницира со илјадници млади луѓе, преку програми за директна поддршка, како и со пензионери што сакаат да се вратат во Србија по завршувањето на работниот стаж во странство. Тој посочува дека има даночни олеснувања за вработување на повратниците, а посебна програма за привлекување високообразовани лица, со што им се олеснува престојот во нашата земја.
Истражувањето спроведено од Виенскиот институт за меѓународни економски студии покажа дека во периодот од 2015 до 2019 година во Србија дошле 90.000 повеќе високообразовани луѓе отколку што заминале.