Фото: принтскрин/ РТС Вести

Обвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

– Се обидуваме да го легитимираме бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе – рече Абази.