Фото: МВР Србија

По 27-часовна потрага, во која учествуваа полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на Планинарската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани, српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека потрагата на теренот во населбата Бањско Поље и Брестовачка бања се прекинува бидејќи се укажува дека детето го нема.
Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле кај Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.

Полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало, јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Од МВР соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажала како неточна.

Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.

Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.

-Доколку имате информации, јавете се во полиција на 192 – апелира полицијата.

Поради овој случај, за прв пат во Србија беше пуштен во употреба системот НАЈДИ МЕ! кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.